ШоуБиз

Дејвид Бекам и неговиот син доживеаа мала сообраќајна несреќа

38-годишната ѕвезда Дејвид Бекам доживеа мала несреќа пред својот дом во Беверли Хилс.

Колата на Дејвид – Рејнџ Ровер Спорт се удри во бела Хонда Акура. Освен легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, во автомобилот бил и неговиот најголем син – 14-годишниот Бруклин.

Бекам излегувал од својот паркинг и тогаш се удрил во друг автомобил, чиј возач била жена. Двајцата ја почекале полицијата на местото на настанот за да дадат изјава.

Во 2011 година Дејвид доживеа уште една несреќа и тоа во најпрометното место во градот, и тогаш само носењето на појас му помогна да се извлече неповреден.

 

Write A Comment