Лесни, убави, ефикасни фенери со романтично расположение…
Потребни материјали:
– Хамер,
– Скалпел,
– Лепило,
– Свеќи,
– Стаклени чаши
Изработка:
Ископирајте ги нашите шаблони или направете си свои. Можете да исечете елка, снегулка или било што друго. Сечете со скалпел.
Прекинатите линии се превиткуваат, а полните линии се сечат.
Од хартија направете цилиндри малку поголеми од чашите за да можете да ги облечете со нив. Залепете ги елементите врз цилиндрите.
Поставете во чашите свеќи и облечете ја чашата со изработената хартиена форма.