Се очекува наскоро Деми Мур да биде хоспитализирана поради тешка депресија и зависност од алкохол. Причината за тешката емоционална криза е нејзиниот бивши сопруг и тоа што тој дефинитивно подаде молба за развод, а воедно е и во врска со доста помлада девојка, Мила Кунис, што додало само сол на раната. И како ова да не е доволно, Деми Мур има проблем и со своите ќерки, односно тие категорично се против ваквото однесување на својата мајка.
Бракот на 50 годишната Деми и 34 годишниот Аштон траеше речиси 6 години. Врската почна во 2005 година, но очигледно разликата во годините си го направи своето.
Сосема наскоро Деми ги примила документите за развод што предизвикало таа многу често да биде во алкохолизирана состојба, да се изолира од сите, да се затвара дома и да не сака да јаде. Затоа нејзиното семејство се обидува да смисли варијанта како да ја испратат во клиника на лекување.