Потребни состојки:
1кг јаболки
100гр суво грозје
50гр ореви
50гр бадеми
шеќер по вкус
1 пакетче пудинг од ванила
шлаг во спреј, за украсување
чашичка рум
Подготовка:
Сувото грозје ставете го во румот и оставете да одстои. Јаболките излупете ги и исечете ги на коцки,па ставете ги малку да се пропржат. Дококлку сакате можете да ставите и шеќер. По пет минути во јаболката додадете го сувото грозје со румот, сецканите ореви и бадеми и пржете уште две минути. Потоа згуснете ја смесата со пудингот помешан со малку вода и промешајте. Смесата распоредете ја во четри чинии и ставете ја во фрижидер малку да се олади. Украсете со малку цимет и шлаг.