Motherhood

Десет детски заповеди за родителите

Да ли е воопшто потребен вовед  дел?!

Значи:

–          Моите раце се мали: не очекувајте од  мене совршенство додека го местам креветот, цртам или фрлам топка.

–          Моите нозе се мали: ве молам забавете за да можам да ве следам во чекор.

–          Моите очи не го виделе светот како вачите: помогнете ми да го откријам светот. Не ме ограничувајте.

–          Домашните работи нема да ви побегнат. Јас нема уште долго да бидам мал- најдете време за игра со мене…

–          Јас сум вашиот посебен подарок, така со мене и постапувајте.

–          Потребна ми е вашата поддршка додека растам. Немојте да ме критикуватеи да ме казнувате. Запамтете-можете да ги критикувате  моите постапки, а не мене.

–          Дадете ми ја слободата  самостојно да одлучувам. Дозволете ми да погрешам  за да можам да научам од сопствените грешки. Така еден ден ќе бидам подготвен да донесувам правилни одлуки.

–          Не се плашете да одите на викенд без мене. Потрбен ви е одмор од мене, а и мене од вас. Тоа е одличен начин да ми покажете колку сте меѓусебно важни еден на друг.

–          Знам дека е тешко, но немојте да ме споредувате со моите браќа и сестри или со другите деца.

–          Ве молам, сакјте ме и кога ќе ги изневерам вашите очекувања!

Напиши коментар