
Јазикот е најјак мускул во човечкото тело кој ја спрема храната за жвакање и е примарен орган за вкус. А функцијата на неговиот изглед е многу поважна отколку што мислиме, бидејќи како здравствен карот на него, според кинеската медицина запишана е состојбата на нашиот организам. Погледнете 10 промени на јазикот со помош на кои можете да ја идентификувате состојбата на вашето здравје.
- Нормален јазик – розов, нема траги од заби или дисколорација, со јасен слој, кој покажува правилно лачење.
- Тенок бел површински слој, траги од заби и неколку црвени дамки – ваквиот изглед на јазикот упатува на недостиг на витална енергија во телото која предизвикува замор, губење на апетити и прекумерно потење. Тоа се манифестира на расположението и овие лица често се нервозни и загррижени.
- Тенок жолт слој на средината опкружен со остатокот од црвената површина на јазикот – ова упатува на проблеми со запек, дехидрација и кожни болести.
- Мрсен бел слој, отечени рабови на јазикот – ваквиот изглед упатува на неурамнотежен дигестивен систем, и тенденција за акумулација на вода во организмот. Луѓето во оваа ситуација често чувствуваат замор и апатија.
- Црни дамки на виолетова површина – упатуваат на стагнација на крвта во деловите од телото кои може да предизвикаат проблеми со вените, “тешки” нозе, главоболка, болка во градите и кожа без сјај.
- Тенок бел слој и црвен врв на јазикот – оваа ситуација открива дека организмот е изложен на постојан стрес, што предизвикува нестабилна емоционална состојба. Енергијата во телото се собира во чворови што предизвикува воспаление.
- Црвен јазик со жолт дебел слој во средината – тоа е показател на покачена телесна температура, што укажува на можна инфекција на уринарниот тракт.
- Дебел бел слој на средината и благо отечен јазик – изглед кој сугерира на инфекција или воспаление поврзано со некоја автоимуна болест, недостаток на витамини и минерали.
- Пукнатини на црвената површина на јазикот – упатува на габична инфекција во телото која ја прати ноќно потење, несоница и раздразливост.
- Јазикот чија површина е бледа и без слој укажува на намален проток на крв во телото, анемија која може да предизвика вртоглавица и замор.
