Убавина

Девица диета? Била супер ефикасна

Досега сме слушнале за какви ли не видови на диети. И токму кога мислевме дека нема со што да бидеме изненадени, експертите измислија т.н. “Девица диета”.

Да, има и такво чудо! И спротивно на она што си мислите, таа нема никаква врска со воздржувањето од секс. Всушност, она од кое треба да се лишите, за да ја практикувате, се следниве производи – млеко, сирење, кашкавал, јајца, соја, пченка, шеќер и засладувачи.

Според експертите, ако ги исклучите од менито, само за една недела ќе се ослободите од вишокот на килограми. Прилично сериозно ветување, нели?

Освен со лишувањето од овие производи, сепак, оваа диета предвидува и да се храните со максимално корисни јадења и најдобро подготвени на пареа или печени.

Експертите објаснуваат дека така ќе се справите со подуеност, гасови, раздразливост, промена на расположението… Но, најмногу со наддавање на килограми!

Напиши коментар