Убавина

Диета со јогурт

ПРВ ДЕН

Доручек

Наутро изедете овошен или обичен немасен јогурт со житарици по ваша желба.

Ручек

На маслиново масло издинстајте зеленчук и на крајот измешајте го со ориз. Освен сол во зеленчукот не додавајте ништо друго. За десерт изедете овошен јогурт.

Вечера

Пред спиење ќе ве засити салата со шунка и моркови. Значи, исецкајте еден морков, јаболка и 50гр шунка па сето тоа испржете го на маслиново масло. Се заедно измешајте со немасен јогурт.

ВТОР ДЕН

Доручек

Земете една краставица и исецкајте ја на коцки, па измешајте ја со јогурт.

Ручек

Земете едно мало парче пилешко месо, исечете го на коцки па испржете го во маслиново масло. Додадете малку печурки, еден домат и една пиперка. Кога зеленчукот ќе омекне додадете јогурт.

Вечера

Две чаши јогурт измешајте со неколку топчиња мешано шумско овошје.

ТРЕТ ДЕН

Доручек

Со јогуртот измешајте сирење, исецкана јаболка и малку цимет. На крајот можете да ставите и малку сол.

Ручек

Испешете 150гр филе од ослич, а како прилог направете салата од јогурт, краставичка и малку сенф.

Вечера

Сварете 100гр тестенини, додадете една исецкана пиперка и варено јајце. Се заедно измешајте со јогурт.

Напиши коментар