Здраво тело

Диета со лимон против целулит

Наутро, попладне и навечер се конзумира смеса од мед и лимони. Смесата се приготвува лесно, а за целта ви е потребно 3 литри врела вода и откако ќе ја изладите до нормална температура исипете сок од 15 лимони. Додадете и околу 50 гр мед и измешајте.

Смесата се пие три пати дневно во рок од два дена. Режимот се повторува 4 пати месечно и за време на овие денови не се јаде ништо друго. Се препорачува да пиете по три чаши зелен чај по време на овие денови.

Режимот ќе ви помогне да намалите барем 2 килограми за еден циклус и да го прочистите организмот од токсини. Најдобро е режимот да се спроведува за време на викенд. Смесата ги разбива масните клетки и постепено го елиминира целулитот.

Со оваа диета вие ќе се справите со целулитот, ќе ослабнете и се разбира ќе го прочистите организмот. Мед и лимон е една неверојатна комбинација користена од милиони луѓе по светот која сигурно ќе ви помогне и на вас.

Напиши коментар