Здраво тело

Дивиот костен како лек за проширени вени

Екстрактот од див костен се користи за терапија на проширени вени и хемороиди. Се користи и кај дијареа, грозница и зголемена простата.

Екстрактот од див костен влијае на смалување на симптомите кои се јавуваат кај заболените вени, како што се: проширени вени, болка, замор, отечени нозе.

Компонентата на дивиот костен, есцин, се смета за одговорна за поголемиот број дејствија за стабилизирање на зидовите на венските крвни садови, а со самото тоа и за намалување на отоците и болките. Дивиот костен ги смирува воспалените процеси , ја зголемува чврстината на крвните садови и го зајакнува отпорот на венските капилари.

Напиши коментар