Може да ви звучи како цитат од Библијата но научно е докажано дека добрите дела го продолжуваат животот!
Авторите на истражувањето се категорични – само оние кои помагаат во името на некаков идеал, водени не од стремежот за сопствена благосостојба, а од вистинска хуманост, можат да го подобрат и продолжат својот животен век.
Заклучокот е следен – егоизмот не води до ништо убаво, ни пак злобата! А Алберт Ајнштајн го кажал многу недвосмислено: „Ако луѓето се добри само затоа што се плашат од казна или се надеваат на награда – тогаш навистина заслужуваат само сожалување!“
Ние пак ќе додадеме – секој ден е прекрасен момент да натерате некој да се насмевне! Затоа прегрнете ги без повод блиските и покажете им дека сте тука, дека ве има и дека секогаш можат да рачунаат на вас!