Дестинации

Dolphin Island Resort

Денеска ќе ви представиме едно тивко одморалиште со 5 звезди во Фиџи, изградено на приватниот Остров на делфините (Dolphin Island). Како ви звучи?

Најинтерсесно кај овој Dolphin Island Resort  е дека тој се состои само од две вили!

Собите се декорирани во традиционален фиџиски стил и доколку сакате да престојувате во некоја од нив, на располагање ќе ви бидат рум сервис, домашна послуга, песплатен превоз од и до аеродром и уште многу други погодности.

Можете да уживате сунчајќи се на снежно-белата плажа, романтични вечери, или да се одмарате покрај базенот пред вилата. Едноставно за миг да заборавите на грижите и проблемите.

 

Напиши коментар