Sweet Home

Дом во кој ќе се вљубите

Овој апартман дизајниран од Hola Desing, ја представува удобноста и практичноста. Со еден збор, место кое ќе ве остави без здив.

Во апартманот преовладуваат светли и меки нијанси – дизајнерско решение кое создава волшебна атмосвера, мир и хармонија. Палетата од бои на домот совршено се надополнува со дрвените подови кои обезбедуваат дополнителна топлина во секоја од собите.

Кујната, трепезаријата и дневната се соединети во едно големо пространство. Француските прозорци и овозможуваат на надворешната светлина целосно да ја осветли собата.

Вешто искористените детали – импресивните слики, нежното осветлување, часовникот во дневната соба и многу други стилски декорации му придаваат на апартманот многу шарм и гламур.

Но можеби она што навистина ќе ве натера да се заљубите во овој апартман, е пространата тераса со која тој располага. А погледот е навистина прекрасен.

 

Напиши коментар