Здраво тело

Домашен лек против кашлица: 100% природен, едноставен за подготовка и многу ефикасен

Настапи сезоната на вируси и настинки. Нивното редовно несакано дејство е кашлицата, како дефанзивен процес на човечкото тело со кој тое се обидува да се ослободи од различните штетни материи од дишните органи.

Во аптеките се достапни различни сирупи и лекови за ублажување на кашлицата, но сепак многу ефикасни се разните природни лекови кои можат лесно да се подготват и се достапни речиси секому.

Еден навистина делотворен лек можете да подготвите од следните состојки:

*200гр шеќер

*200мл вода

*1 лажичка ленено семе

*1 лажичка жалфија

*1 лажичка бел слез

*1 лимон исечен на коцки

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Сите состојки ставете ги да се варат околу 30 минути, а потоа исцедете ги. По желба можете да додадете и неколку лажици мед. Смесата ставете ја во фрижидер да се излади и да се згусне. Користете ја како сируп и земајте по неколку лажици во текот на денот.

 

Write A Comment