Здраво тело

Домашен лек против пролив

Проливот е симптом на разни болести, од полесни до посериозни. За да се изборите со него постојат многу природни производи, кои освен што се лековити, не предизвикуваат никакви несакани последици.

Јаболки: Изрендајте неизлупена јаболка, распоредете ја на тањир и оставете ја 15-20 минути додека не стане смеѓа, па изедете ја. Пектинот од јаболката ја стврднува столицата и го намалува воспалението. Содржи јаболкови и вински киселини, кои ја регулираат киселоста на желудникот.

Кафеав шеќер: Пиете по две лажичиња кафеав шеќер во топла вода. Меласата во кафеавиот шеќер е одлично средство за дезинфекција.

Напиши коментар