Направи Сам

Домашен лек за забрзување на метаболизмот

Витката линија секогаш ќе биде помеѓу топ целите на мнозинството  жени и различните помошни совети за да може оваа идеја побрзо да премине во реалност се добро дојдени на страниците на Боза.

Еве каква одлична рецепта најдовме за која се вели дека дава одлични резултати за активирање односно забрзување на метаболизмот, што воедно е и еден од основните услови да почнете да намалувате килограми. Ако метаболизмот е спор, каква и диета да применувате, нема да постигнете големи резултати.

Основни намирници овде се зелениот чај кој е одличен регулатор на размената на материи, а мандарините се справуваат идеално со согорувањето на излишните маснотии во телото.

Во еден литар зовриена вода додадете 4 кесички зелен чај и откако ќе истине додадете 2 мандарини исецкани на кругови без да ги лупите, но измијте ги добро. За крај додадете десетина свежи листови нане.

Оставаме течноста да отстои неколку часа во фрижидер за да може компонентите и аромите да се спојат. На крај процедете.

Секое утро на гладно треба да пиеме по 250 мл од растворот. Третманот треба да трае неколку месеци, но сосема во ред е ако почнете да го практикувате и постојано.

Напиши коментар