Убавина

Домашен пилинг со мед и бадеми

Неопходни продукти за приготвување на пилингот се две лажици бадеми, една половина чаша мед и една лажица лимонов сок.

Начин на приготвување – Бадемите треба да бидат многу ситно издробени што можете  да го сторите со помош на машина за мелење кафе или некој друг кујнски прибор.  После тоа додадете го медот и сокот од лимон.  Нанесете ја смесата на лицето и нежно масирајте 3-4 минути. После тоа оставете смесата да отстои 15-20 минути со цел да се апсорбираат хранливите материи во кажата. После тоа се измива лицето со млака вода, но не се брише, се остава да се исуши по природен пат. Дури после 10-15 минути нанесете крем, само ако има потреба.

Напиши коментар