Мојата кујна

Домашен пудинг од чоколадо

Потребни состојки:

700 мл. млеко

70 гр. какао во прав

70 гр. шеќер

70 гр. путер

70. гр. брашно

2 лажици бадемово масло

Неколку излупени бадеми

Припрема: Во тенџере измешајте ги брашното, какаото и шеќерот. Додадете го млекото и варете ја смесата на умерен оган со постојано мешање за да не се создадат грутки.

По 5 минути додадете го путерот, па постепено намалувајте ја температурата и оставете смесата да се вари 10тина минути, а одвреме навреме промешувајте.

Во правоаголен сад кој претходно сте го намрсиле со бадемово масло претурете го пудингот од тенџерето, прекријте го и оставете го да се излади неколку часа во фрижидер.

Садот со изладениот пудинг превртете го внимателно на чинија за сервирање и декорирајте го со излупени бадеми. Добар апетит!

Напиши коментар