Пијалок без шеќер, бои, засилувачи и конзерванси. Одвоете малку време и израдувајте го семејството и гостите со чаша студена лимонада.
Потребни состојки:
2 чаши цеден сок од лимон
4 чаши вода
0,4 чаши нектар од Агаве или мед
Начин на подготовка:
Во голем бокал измешајте го цедениот сок од лимон, водата и нектарот од Агаве/мед. Додадете малку мраз и добро измешајте. Сервирајте во чеши, и по желба додатете парче лимон и малку нане.
