Убавина

Домашна паста од шеќер за депилација

Потребно ви е:

–          225гр шеќер

–          340гр мед

–          Лимонов сок (од пола лимон)

–          Стаклен сад

–          Стапче за нанесување

–          Памучни траки

Подготовка:

Сите состојки измешајте ги во длабок сад, ставете на средно јака температура и загревајте ги состојките додека не почнат да вријат. Веднаш смалете го оганот и варете со често мешање додека смесата не добие златна боја.  Кога смесата ќе биде готова, внимателно претурете ја во стаклениот сад и почекајте да се олади.

Постапка за нанесување:

Кожата мора да биде чиста, без никакви нанесени производи и сува. Пастата се нанесува во спротивен смер од растот на влакненцата. Ставете ја памучната трака, чврсто притиснете ја на кожата и брзо повлечете ја траката.

 

Напиши коментар