Убавина

Домашни маски за лице против акни

Маските против акни, направени од природни состојки е многу едноставно да се направат и да се користат, и многу бргу даваат резултати.

МОРКОВИ:  Богати со витамин А, морковите се одлични за намалување на лузните создадени од акни. Земете еден голем морков, исечете го на големи парчиња, па ставете го во блендер додека не добиете хомогена смеса.

Можете да додадете и малку брашно, доколку процените дека смесата не е доволно густа за да ја нанесете на лицето. Премачкајте го лицето, а особено инфицираните делови, и оставете да делува барем 10 минути. Измијте го лицето со млака вода.

За да постигнете подобри резултати, оваа маска користете ја секојдневно.

ЈОГУРТ: Измешајте 4 лажици јогурт со 2 лажици брашно. Смесата нанесте ја на претходно измиено лице. По 15 минути измијте го лицето со ладна вода. Оваа маска која се покажала како добра во лекувањето на акни, истовремено ја храни кожата и помага при одстранување на мртвите келии.

СОДА БИКАРБОНА:  Измешајте сода бикарбона со онолку вода колку што е потребно за смесата да не биде ни премногу густа, ни премногу ретка за нанесување. Со неа премачкајте го исчистеното лице и почекајте за потполно да се исуши пред да ја измиете со топла вода. Како и повеќето средства против акни, и ова се нанесува секој ден.

Напиши коментар