Барем еднаш во животот родителите се судруваат со желбата на своето дете да им земат домашно милениче. Според многу истражувања до сега се докажало дека миленичето делува како лек за редица здравствени и социјални проблеми.
Одгледувањето на миленикот може да помогне на целото семејство да живее подобро. Животните можат да помогнат во борбата со широко распространетите современи проблеми како дебелината кај децата, индивидуалната социјализација во општеството и прифаќањето од страна на спротивниот пол, како и за подобрување на детскиот имунитет и превенција од развој на алергии.
Со други зборови – домашниот миленик навистина ќе испадне дека е најдобриот пријател на човекот – не само во буквална но и во метафорична смисла. Клучот кон здрав начин на живот и позитивна социјана интеграција може да биде среќниот живот со миленичето и сите дополнителни позитивни емоции, кои тоа може да му ги донесе на својот сопственик.