Доматите содржат одредени хранливи материи кои можат да ја забават прогресијата на ракот, па дури и да ги убијат канцерогените клетки, покажуваат последните истражувања на научниците од универзитетот во Портсмут.
Супстанцијата ликопен содржана во доматите, која што им ја дава црвената боја, е ефикасна во борбата против ракот. Истражувачите препорачуваат да го јадете овој зеленчук дури и како превенција од болести. Ликопенот се содржи во сите црвени овошја и зеленчуци, но неговата концентрација е најголема во доматите. Според експертите канцерогените клетки можат да бидат пасивни со години без да покажуваат знаци на промени. Доматите можат да го нарушат процесот во телото и да го сопрат растот на клетките на ракот. Пушачите треба да земаат двојно поголемо количество домати од непушачите, за да биде постигнат саканиот ефект.
