Никој не очекувал дека две сијамски близначки ќе преживеат повеќе од неколку дена по раѓањето. Но Абигејл и Бритни напишале свои правила на медицината, бидејќи се живи и здрави до денес – веќе 23 години.
Се појавуваат на виделина на 7 март 1990 година во Минесота, САД. Лекарите воопшто не укажуваат дека девојчињата ќе успеат да ја преживеат ноќта.
Тие имаат две глави, две срца, два стомака, три бубрега, четири бели дробови, еден црн дроб, заеднички граден кош, и делумно го делат нервниот систем.
Според статистичките податоци, само една двојка близнаци на секои 40 000 се раѓа поврзана физички, а шансите да ја преживеат првата година се минимални. Тоа сепак се статистичките податоци, но судбината била благонаклонета кон двете американки и покрај научната теорија.
Додека растат, тие имаат сосема нормално детство. Како и кај повеќето сестри, вкусовите целосно им се разликуваат, а исто тврдат и за карактерите.
Слободното време го поминуваат играјќи одбојка и куглање. Умеат да пливаат и да возат велосипед, а веќе 7 години имаат и возачка дозвола.

Нивните родители неколкупати ја разгледувале можноста да ги разделат, но тоа значи дека близначките ќе престанат да го прават сето она што го сакаат, бидејќи ќе бидат принудени да живеат со една рака и една нога. И бидејќи станува збор за исклучително тешка операција, постои можност една од нив, па дури и двете да починат за време на интервенцијата.
Самите тие сепак не сакаат да се разделат. Навикнатаи се цел живот да бидат заедно и тоа е единствениот начин на живот, кој го познаваат. Велат дека сонуваат да создадат семејства. Ако превземат таков чекор, сериозно ќе биде прашањето со забременувањето. Нивниот организам ги има сите шанси да износи бебе, но вкупниот репродуктивен систем бара апсолутно синхронизирана слога во нивните акции.
Близначките се пример дека желбата за живот е посилна од можностите. Тие не се стремат да го менуваат, туку го прифаќаат таков каков што е – со сериозни тешкотии, но и среќни моменти. Кои, според нив, ги надминуваат сите други.
