Британските фотографи му дофрлале на пеачот дека е “мал кретен”, тој се развикал и пробал да ги нападне.
Џастин Бибер е веќе во проблеми до грло- ќе мора да плати казна од 300.000 фунти поради каснење на концертот, се срушил на сцената и поминал неколку сати во болница, а сега и папараците долеаа масло на оганот. Додека излегувал од својот хотел во Лондон, го обиколиле папараците, а тој ги буткал од себе, а еден од нив му дофрлил де е “мал кретен”. Иако Џастин веќе бил влезен во автомобилот, излетал од црниот џип и почнал да вика.
