Џастин Бибер доживеал мошне непријатен момент на својот концерт во Бразил. Младиот пејач додека бил на сцена го погодиле со шише вода и малку фалело да му падне микрофонот од рака.
Бибер, револтиран од оваа постапка на неговите фанови, ја напуштил сцената, а концертот бил прекинат.
“Фановите не знаеја што се случува и останале на своите места околу половина час надевајќи се дека Џастин ќе се врати и ќе го доврши концертот. Светлатата се запалиле, тимот на Бибер почнале да ја собираат техниката, а фановите сватиле дека концертот е завршен“, се вели во медиумите.
Погледнете како Бибер го погодиле со шише:
http://www.youtube.com/watch?v=Wrrkd1i1S8g
