ШоуБиз

Џастин Бибер и Ријана имале афера

Пеачот Џастин Бибер имал афера со популарната Ријана, велат американските медиуми.

Бибер и Ријана имале афера на почетокот на неговата врска со Селена Гомез, тврдат блиски извори.

Изворот тврди дека осумнаесетгодишниот Бибер флертувал со Ријана за време на еден кошаркарски натпревар во Лос Анџелес уште во фебруари 2011 година.

Селена била потполно разочарана бидејќи тоа се случило токму тогаш кога таа била во врска со Џастин и јавно изјавувале љубов.

Џастин и Селена прв пат беа заедно во 2010 година, а врската ја прекинуваа неколку пати. Според последните медиски натписи, тие се повторно заедно, но јавно сеуште не.

Напиши коментар