ШоуБиз

Џеј Зи и купува на Бионсе остров на Бахамите!

Џеј Зи и Бионсе се во складен брак веќе пет години, а во јануар 2012. година се остварија и како родители. Сепак, 44-годишниот рапер смета дека на неговото семејство му е неопходна една мирна оаза.

Џеј Зи е спремен да одвои дури три милиони долари за остров на Бахамите,пишува британскиот The Sun.

“Потребно им е приватно острово поради мир, а годишницата од бракот е само причина за купување на островот. Бионсе поради нејзината турнеа е повторно во центарот на вниманието на сите светски медиуми, па тие двајца не можат да си приуштат “обични работи” како што се одење на плажа со детето”, вели изворот.

На приватниот остров брачниот пар со сигурност ќе ужива со својата ќеркичка.

Напиши коментар