Шармантната и елегантна јахта која е користена во најновиот Џејмс Бонд филм “Skyfall”, е на продажба, а неговата цена е 14.200.000 долари …
Оваа луксузна јахта е долга 183 метри и има можност да се прилагоди за дури 12 гости. Кабините и соби во внатрешноста на јахтата не се снимани на филмот, но се користени како соблекувални за актерите и нивната екипа.
Кабините не се појавуваат во сцените на филмот, но постои една сцена од бањата која се појавува во трејлерот додека салонот е претворен во дневна соба на Беренис Марлох. Филмската екипа ги променила боите на завесите, а мебелот кој се наоѓа во салонот е покриен. Тие исто така донеле дополнителни работи како огледалата, прибор и столици за режисерот и останатиот дел од екипата.
Јахтата сега е достапна за купување по цена од 14,2 милиони долари. Доколку не сакате да потрошите толку пари таа е достапна и за изнајмување по цена од 120 илјади долари неделно.