Подготовките за долгоочекуваната венчавка на Џенифер Анистон и Џастин Теру се веќе при крај. Парот го одреди датумот на венчавката, избра бурми, а глумицата од неодамна наводно ја избрала и венчаницата, пишуваат америчките медиуми. Извор близок до парот открил дека Џенифер и Џастин планираат да приредат интимна церемонија, на која ќе присуствуваат само најблиските пријатели и семејството.
Изворот додал дека Џенифер едвај чека да стане госпоѓа Теру, и дека ќе го земе презимето на сопругот бидејќи звучи отмено.
-Џенифер никогаш не сметала дека за потполна среќа се обавезни и деца. Иако вели дека би сакала да се оствари како мајка, нема да биде разочарана доколку тоа не се случи- открил изворот.