ШоуБиз

Џенифер Анистон ќе се венча во православна црква!

Џенифер Анистон и нејзинот вереник Џастин Теру најверојатно ќе се венчаат во грчка православна црква во Пенсилванија, која глумицата ја посетувала кога била дете.

Џенифер која има грчко православно потекло, кога била дете редовно одела во црквата Свети Ѓорѓи во Пенсилванија заедно со својата баба Стела Анастасакис.

Однеодамна токму на оваа црква таа и донирала 25.000 долари во сеќавање на својата баба, а нејзината роднина работи како секретарка во црквата.

Се претпоставува дека глумицата и нејзиното момче црквената церемонија ќе ја направат токму во таа црква.

Напиши коментар