Ова е една од најбрзите и најкратки диети што трае само 3 дена. Овој краток период овозможува до минимум да се намали калорискиот внес за едно деноноќие и да се програмира организмот да премине во режим на искористување на внатрешните резерви, односно да почне да ги топи масните наслаги.
Диетата со лимони и мед е диета во буквална смисла на зборот – без никаква храна. Она што можете да го конзумирате во текот на овие денови освен лимоните и медот, е вода и зелен чај без шеќер.
Смесата се приготвува со три литри вода со додан свеж сок од 15 лимони и 50 грама мед. Тоа е и единственото што е дозволено за време на диетата. Енергетската вредност на овој раствор практично е нула, а слабеењето започнува веднаш и се одвива брзо.
Големата киселинска вредност овозможува да се потисне апетитот, а истовремено гликозата и сахарозата од медот при отсуство на било какви масти и белковини овозможува да се стигне до интензивно намалување на тежината на сметка на масните резерви во телото.