Понекогаш вие едноставно немате време да летнете до Јужниот Пацифик. Но, кога ќе посакате да се почувствувате малку како Робинзон Крусо, едно искуство а ла Гоген на Little Palt Island ќе им одговори на сите ваши очекувања.
Прекрасни моторни чамци во стилот на 30-те години на XX век ги водат гостите до приватниот остров на хотелот во долниот дел на архипелагот Флорида Кис, каде што првиот впечаток е егзотично совршенство.
Little Palm Island е особено место и не е тешко да се замисли какво било до 60-те години на XX век: елитен рибарски камп, омилено место на претседателите и многу други видни личности.






