Ѓумбирот се одгледува повеќе од илјада години во Кина и Индија,го сретнуваме во многу јадења, а се користи за подготовка како на благи, така и на солени јадења.
Ѓумбирот се вдоми во нашите кујни, често го сретнуваме во рецепти, понекогаш е состојка во супа, а од секогаш имал лековито дејство.
На многу сајтови на интернет видов пофалби за мешавината на мед и ѓумбир, па решив смесата лично да ја пробам. Оние кои се заљубени во ѓумбир сигурно ќе бидат воодушевени.
Во повеќето рецепти наведено е да се користи пола килограм мед и еден поголем ѓумбир, но јас смесата ја подготвив со 250 грама багремов мед и еден (средна големина) ѓумбир. Изренданиот ѓумбир помешајте го со медот. Вака припремената смеса може да се конзумира. За полесно вадење на медот советувам да користите дрвена или керамичка лажица.
