Мојата кујна

Едноставен и вкусен чоколаден колач

Потребни состојки:

  • 225гр темно чоколадо
  • 225гр путер
  • 225гр шеќер
  • 5 јајца
  • 1 лажица брашно

Потребни состојки:

Вклучете ја рерната на 190°C. Обложете го калапот со обем 25см со хартија за печење или намачкајте мали калапи со путер (ќе ви требаат околу дест во тој случај).

Растопете го чоколадото и путерот (во микробранова или на пареа). Додадете шеќер и оставете малку да се олади. Додадете ги едно по едно јајцата, мешајќи по секое додавање за смесата целосно да се соедини. На крајот додадете и лажица брашно.

Во калап од 25см се пече околу 25 минути, а во малите калапи 15 минути. Средината треба да остане жива, а во случајот на малите колачи и полутечна. Оставете ги да се оладат на собна температура и ако можете да се стрпите, послужете ги следниот ден, бидејќи се највкусни кога добро ќе се оладат во фрижидер.

Напиши коментар