Art & Crafts

Едноставен пилинг од лимон

Пилингот е одличен beauty совет кој треба да го правите барем еднаш во неделата. Пилингот ги отстранува мртвите клетки од кожата и го спречува затворањето на порите кои предизвикуваат акни. Во продолжение погледнете еден едноставен и природен пилинг кој можете да го направите во својот дом…

Земете лимон, поделете го на половина. Едната половина натопете ја во шеќер, а потоа истријте го лицето и усните.

Лимонот е природен извор на витамин Ц, кој вообичаено се користи за осветлување на пегите и слично.

Шеќерот е природен пилинг, природен извор на гликолна киселина која го изедначува тенот, ги чисти порите, и ја подобрува вкупната текстура на кожата.

Овој пилин не само што ќе ја ослободи вашата кожа од мртвите клетки кои ограничуваат хидратацијата да продре во кожата, туку исто така ја прават кожата нежна и свиленкаста.

Write A Comment