Motherhood

Еј, Живеј!

За да живееш целосно, треба да ја сватиш вистинската вредност на животот. А таа не е ниту во зоната на удобноста, ниту во тишината. Таа е во моментите кои ти го запираат здивот, во моментите кога имаш чувство дека не можеш повеќе, но продолжуваш, во моментите кога не знаеш каде се наоѓаш од трепет и емоции, но знаеш дека си токму таму, каде што треба… таа е во секој еден миг. Во обичниот миг. Бидејќи секој еден миг е вреден…

Денеска ќе ги споделиме со вас мислите за смислата на животот. Тие ќе ви покажат што е тој, што е највредно во него и како да грабите од него со полни раце…

“Изгори ги свеќите, користи убави чаршафи, носи луксузна долна облека. Не ги чувај за специјални случаи. Денес денот е посебен”.

“Следи ги знаците на патот и мирно пушти се по течението на реката на животот”.

“Најважниот сексуален орган е мозокот”.

“Никој друг не е одговорен за твојата среќа освен ти”.

“За секоја т.н. несреќа запрашај се: Ќе има ли значење таа по 5 години?”

“Секогаш избирај живот”.

“Проштевај се на секого”.

“Тоа кој што мисли за тебе не е твоја работа”.

“Времето лечи све. Само дај си време”.

“ Колку и убава или лоша да е една ситуација, таа ќе се промени”.

“Секогаш верувај во чуда!”.

“Оди по нови патеки, направи свој уникатен пат и остави трага”.

“ Да остареш е подобро отколку да умреш млад”.

“Твоите деца ќе имаат само едно детство”.

“Предај се на животот”.

“Тревата е секогаш позелена од другата страна на оградата”.

“Зависта е губење на време. Веќе имаш се што ти треба”.

“Најдоброто допрва претстои”.

“Биди искрен со себе. Биди таков и кон другите. И другите ќе бидат искрени кон тебе. Вистината носи мир”.

“Дури и 100 пати да паднеш… стани, исправи се и продолжи смело напред”.

“Дај го на светот најдоброто од себе!”.

 

Write A Comment