Ви ја претставуваме “Victoria 73 House”- една современа и исклучително модерна семејна куќа, која се наоѓа во Јужна Африка. Дизајнирана од старана на студиото SAOTA (Stefan Antoni Olmesdahl Turen Architects) и Antoni Associates, овој дом се претвора во сон за многумина. Штом ќе ги погледнете фотографиите на ентериерот подолу ќе дознаете колку е пространо и интригантно ова место. Дизајнерите имаат постигнато совршен резултат, комбинирајќи ја белата боја и топлината од дрвените елементи на ентериерот и екстериерот. Огромните панорамски прозорци даваат целосна отвореност на луксузната резиденција.
Целата идеја и замисла на дизајнот се целосно усогласени со желбите и барањата на семејството кое ќе живее таму.