ШоуБиз

Есмералда: Дрогата ми го уништи животот!

Славната актерка и ѕвездата од латиноамериканската серија “Есмералда“, Летисија Калдерон која сега има 45 години во едно интервју открива дека нејзиниот живот од бајките станал пекол поради употребата на наркотици .

“Бев млада, на врвот на кариерата, со многу пари и се ми беше достапно. Непромисленоста и лудоста за малку ќе ме чинеа живот. Шмркав кокаин, а во тоа ме вовлекоа долгогодишни пријатели“, искрено зборува Летисија.

Актерката се отрезнила од зависничката агонија преку смртта на нејзината блиска пријателка која после предозирање и умрела на раце. Летисија после трауматското искуство си ветила себе си дека никогаш повеќе нема да користи наркотици, после што долго време се борела со депресијата.

Foto: Promo

Write A Comment