← НАЗАД НА БОЗА

Еве како да го направите мажот до вас среќен

Еве како да го направите мажот до вас среќен
1777 Читања

Еднаш еден пријател ми рече: “Убавата жена не е најубавата жена”! И во право е, многу е во право…

Вистината е дека ниту еден човек нема да пропушти да биде со некоја Кукла Барби, додека да му падне. Сепак, во жената која ќе го сподели неговиот живот, тој бара нешто многу повеќе од убава надворешност. Тој бара однос! Еве што…

Да го прави подобар

Во се и секого! Колку и да повторуваат дека го мразат типичниот квалитет на жените да го насочуваат мажот, господата всушност многу го ценат тоа. Кога една дама ќе успее да го инспирира и мотивира партнерот да се менува на подобро, тој всушност почнува да ја гледа како негова сопруга.

Да се разбира добро со семејството и пријателите

Идеалната жена си зборува слатки приказни со мајка му, додека и помага во кујната, се сложува одлично со сестра му и се однесува супер со неговите пријатели!

Да не се грижи

Точно е дека загриженоста е типична женска особина, но ако успеете да ја ограничите, вашиот човек ќе ве обожава. И ќе ви се восхитува! Па почнете да се жалите на мајка си, сесрта си и другарките, а мажот манипулирајте го со бакнежи, прегратки и суперлативи на негова адреса.

Да им се допаѓа таков каков што е

Да биде себе си со една жена за мажот е најголем афродизијак. Испирирајте го, но не го принудувајте. И најважно – дајте му слобода.

Да го почитува

Мажот има потреба да се чувствува силен и авторитетен. Па ако му покажувате дека го почитувате и цените поради она што го прави, тој тоа сигурно ќе го цени. И не го понижувајте на јавни места! Покажете дека сте многу горди што токму тој е мажот до вас.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk