Главоболка, вртоглавица и мачнина? Доколку и денеска сакате да се напите чаша алкохол, но не можете бидејќи претходната вечер сте претерале, не очајувајте. Изедете некоја од подолу споменатите комбинации и мамурлукот ќе исчезне додека кажете “Наздравје”!
Портокали
Свежиот сок од портокали ќе ја зголеми количината на шеќер во крвта. Доколку мислите дека вашиот желудник не може тоа да го поднесе, не јадете кисело овошје, и имајте на ум дека во таква состојба, јаболката не се ни малку добри.
Мед и лимон
Веројатно ја користите оваа комбинација за лекување на болно грло, но знајте дека е исклучително добра и против мамурлук. Загреете вода и додадете ги лимонот и медот, а тие ќе му помогнат на вашето тело побргу да го преработи алкохолот.
Ѓумбир
Подгответе чај од коренот на оваа билка, а потоа додадете сок од еден портокал и половина лимон. Последно, но не и најмалку важно, ставете лажиче мед.