Да си жена е гордост, но и апсолутна тешкотија. И тоа не само затоа што чувствуваш нечовечки болки за време на породувањето (иако и само тоа е доволно). Од тебе се очекува да работиш, да се грижиш за домаќинството и да наоѓаш време за својот изглед. И повторно сето ова не завршува тука. Бидејќи и во општеството си превзела големи очекувања.
- Ако мажот нема убаво и стегнато тело, тоа не е проблем. Но кај жената, ужас, дебела!
- Грд маж, не е фатално. Грда жена – Бегај од овој крокодил.
- Маж на висока позиција во службата – амбициозен. Жена на висока позиција – к.рвата на шефот.
- Мажот има многу жени – браво, женкар. Жената има многу мажи – лесна и глупава.
- Мажот вози скап автомобил – успеал. Жената вози скап автомобил – сигурно е некоја спонзоруша.
- Маж над 30 и неженет – знае како да си го живее животот. Жена – ух, стара мома.
