Здраво тело

Еве зошто е добро да јадеме сончоглед

Сончогледот не е само занимација, тој прави многу за нас додека го јадеме. Ова се причините заради кои ќе посакате да уживате во него:

Здрави коски

Семките на сончогледот се полни со магнезиум, кој е најдобра гаранција дека вашите коски ќе бидат здрави. Сончогледот ги спречува и грчевите и болките во мускулите, а богат е и со бакар кој обезбедува флексибилност на коските и зглобовите. Со редовно консумирање на овие семки може да се спречи појава на артритис.

Метаболизам

Сончогледот е богат со витамин Б, кој обезбедува обнова на оштетените ќелии и и создава нови. Исто така тој го забрзува и метаболизмот, па доколку имате проблемс ос толицата редовно грицкајте сончоглед.

Кожа

Семките на сончогледот се богати со витамин Е, важен витамин за здравјето и убавината на кожата. Со негова помош може да се спречи стареењето на кожата.

Холестерол

Сончогледот е богат со масти, но токму тие масти успешно го разградуваат холестеролот.

За побрзо варење на храната

Семките се богати со диетални влакна кои го забрзуваат процесот на варење на храната. Доколку почувствувате тегоби од ваков тип, земете еден грс сонгоглед и стапете ви акција.

Здравје

Сончогледот содржи и витамин Ц и антиоксиданси, кои се моќни борци против слободните радикали. Се смета дека сончогледот може да ја спречи и настинката.

Напиши коментар