Art & Crafts

Евтино и брзо: Направете домашно сирење за пита и колачи

Во време кога цените на храната зе зголемени, а платите мали (ако воопшто ги има), да произведете евтина и вкусна храна е права уметност. За таа цел решивме да ви прикажеме еден рецепт со кој можете евтино и брзо да направите сирење.

РЕЦЕПТ ЗА ДОМАШНО СИРЕЊЕ:

*2 литри млеко со 3,2% масленост

*2 лимони

Начин на подготовка:

Загреете го млекото до вриење (не смее да зоврие). Во топлото млеко додадете го сокот од 2 лимони и измешајте. Почекајте лимонот да почне да делува, околу половина час, па исцедете ја течноста низ газа или густа цедилка. Заврзете ја газата и подигнете ја, заради лесно цедење. Сирењето е готово кога сурутката ќе престане да капе. Сурутката може да ја користите за правење на разни пити или како здрав пијалок. Сирењето може да го конзумирате свежо или како додаток во јадењето.

Пробајте, ние сме воодушевени од резултатот.

Write A Comment