Главната резиденција на овој прекрасен комплекс се простира на 1000 метри квадратни. Прекрасно и хармонично го спојува современиот начин на живот и модерната технологија со рустични елементи. Собите комбинираат интригантно внимание посветено на деталите со храбри и нагласени елементи. Подовите на пример обезбедуваат флуиден премин од соба во соба, иако секој од нив има сопствен карактер.
Кујната е исто така волшебна, со своите рустични елементи. Овде постои голем прилив за чувство на природа благодарејќи на дрвените греди на плафонот и откриените цигли, поред рачно изработените дрвени ормани.
Веднаш до кујната се наоѓа семејната соба со опуштена атмосвера која ветува уживање. Раскошната дневна соба е вистински импресивен простор.
Тука е и главната спална соба, романтична и прекрасна. Има висечки лустери, длабока када и уште многу нешта.