Фотограф од месните медии во Лос Анџелес погинал во обид да го фотографира Џастин Бибер. Човекот така се занесол во работата при што слегол на автомобилната лента на еден од булеварите на Ел Еј и бил прегазен од друга кола.
Трагедијата се случила кога фераририто на пејачот било сопрено за рутинска контрола и фотографот решил да го искористи моментот и да го фотографира настанот.
Всушност се покажало дека во ферарито не бил самиот Џастин туку негови пријатели.