Мојата кујна

Француски компири

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

600гр компири

40гр брашно

100мл кисела павлака

4 јајца

1 лажиче црвен пипер

300гр јунешки колбаси

2 лажици масло

2 децилитри млеко

ПОДГОТОВКА:

Излупете ги компирите и ставете ги да се варат.

Сварете ги јајцата, излупете ги и исечете ги на кругови.

Излупете ги колбасите и исечете ги на кругови. Јадењето ќе биде подеднакво вкусно доколку наместо колбаси употребите салама, виршли па дури и сланина.

Откако и компирите ќе бидат сварени исечете ги и нив на кругови.

Во сад загреете го маслото па тргнете го оган и додадете го црвениот пипер.

Наредете: ред компири, ред јајца, па ред колбаси.

Посолете и ставете брашно.

Повторувајте ја постапката се додека не ги потрошите сите состојки, но внимавајте на тоа последниот ред да бидат компири.

Во посебна чинија изматете павлака, ставете сол, додадете млеко и се добро измешајте.

Полиете го јадењето со вака припремената смеса, вратете го на оган и почекајте да зоврие.

Служете топло.

Пријатно!

Напиши коментар