Мојата кујна

Оргинален француски помфрит

Еден од моите фаворити е токму овој рецепт, рецептот за вкусен француски помфрит. За многу кратко време ќе подготвите вкусен, пикантен помфрит кој одлично ќе се вклопи со ручекот или пак ќе го послужите со убаво вино.

Потребни состојки:

3  лажици маслиново масло

1 лажица ситно сецкани пикантни пиперки

2 лажици ситно рендан пармезан

малку лук во прав

оригано

бибер

1 лажица доматно пире

1 лажица ситно сецкана сува пиперка

половина лажица сок од лимон

1-  ½ лажица морска сол

компири

 

Подготовка:

Во еден голем сад ставете ги маслиновото масло, пиперките – свежа и сува, пармезан, солта, сокот од лимон и останатите состојки.

Измијте и исецкајте ги компирите. Потоа додадете ги во садот смесата. Промешајте убаво, така што секое компирче ќе биде намачкано од смесата.

Потоа наредете ги компирите во тава за печење така што ќе бидат во еден ред.  Ставете ги во загреана рерна да се печат 45 минути.

Напиши коментар