Крупните, ултра романтични кадрици дефинитивно се многу актуелни во последно време. Како и волуменот! Затоа ви предлагаме да направите комбинација од двете тенденции и да создадете идеална фризура за Денот на вљубените.
Предноста на оваа фризура е што изгледа природно. Нема потреба да потенцираме дека фризурата е секси – се гледа и е повеќе од јасно. Освен тоа и лесно се прави. Пред да почнете да ги поставувате витлерите, косата треба да е добро исправена, а како точно да ги поставите ќе ви покаже видеото што следува.