Ние нема да земаме страна, но ќе ти кажеме по нешто за гаќите и боксерките. Знаеме дека и ти имаш сопствено мислење по темава, па ако не ти е срам (а нема зошто), чкртни коментарче на статијава!
Боксерките се подобри за спиење, зошто даваат слобода и комфорт на вашите ценети атрибути. Но…
Според едно истражување спроведено од страна на американски експерти од универзитетот во Колорадо 78% од жените сметаат дека посекси изгледаат мажите кои носат гаќи.
Пак според група анкетирани жени гаќите го оформуваат задникот и бедрата подобро од боксерките. Не велиме дека треба да слушаш што мислат жените, но ако толку ти е важно да изгледаш добро по долен веш – тогаш гаќите треба да бидат твојот избор.
Е сега, ако имаш некакви комплекси во однос на димензиите на твоето машко достоинство, подобро избери боксерки и така нема да се вцрвиш и задткаш кога ќе останеш само по долен веш.
НАЈВАЖНОТО: Кога ќе почнеш да се соблекуваш преде неа, незнам дали воопшто е толку важно дали носиш гаќи или боксерки, туку дали се чисти!!!